Британската полиција започна истрага во болницата Gosport War Memorial во Хемпшир за да ги утврди причините за зголемената смртност на пациентите кои се лекувале во болницата.
Полицијата најави дека ќе поднесе кривични пријави против докторот Џејн Бартон – наречен д-р Опијат кој се смета за одговорен за здравствената политика на болницата од 1989 до 2000 година – кога починале 650 паценти откако им биле дадени јаки лекови против болки.
Иан Сендфорд, чија мајка Хајзел починала од пневмонија во болницата во 1990 година, денеска побара Бартон да се соочи со обвиненија за убиство.
„Тоа е еден многу сложен и емотивен случај, со кој семејствата живееле повеќе од 30 години“ рече детективот Ник Доунинг кој ја води истрагата.
Минатогодишната ревизија покажа дека болницата имала „институционализиран режим“ за препишување и користење опијати во количини кои не биле клинички оправдани. Во извештајот, како што пренесуваат британските медиуми, исто така пишува дека во болницата имало флагрантно “непочитување на човечкиот живот”. На пациентите кои биле сметани за “непријатни” им биле давани лекови – опијати од кои умирале неколку дена по нивното сместување во болница.
“Истрагата не е за бројки, туку за луѓе – конкретно за оние кои починале во болницата и за најблиските кои ги оставиле зад себе” рече Доунинг.
Иако семејствата на починатите изминатите години поднеле безброј барања да се спроведе истрага, досега не биле преземени конкретни мерки.




