Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британски медиуми: Бомбашот-самоубиец од Ливерпул прифатил христијанство за полесно да добие азил

0
By Sashko on November 17, 2021 СВЕТ
Фото: manchestereveningnews.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бомбашот-самоубиец кој активира експлозив во такси во неделата во Ливерпул, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција.

Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад ал Свелмин (32) кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница за време на комеморација на жртви од војната. Тој во Британија имал статус на барател на азил кој го прифатил христијанството.

Таксистот кој го заклучил во возилото е полесно повреден.

Полицијата за борба против тероризмот соопшти дека Емад ал Свелмин изнајмил стан во Ливерпул во април и почнал да купува делови за експлозивната направа што ја донел во таксито, се вели во соопштението на полицијата.

Медиумите јавуваат дека инспекторите се обидуваат да утврдат дали бомбата содржела ТАТП, рачно изработен експлозив што се користеше и во атентатот во концертната сала во Манчестер во 2017 година.

Полицијата смета дека се работи за атентат, но според британските медиуми сè уште не е утврден идеолошкиот мотив за нападот.

Иако не е објавен нов елемент во врска со мотивот за нападот, во тек е полициска истрага за утврдување на профилот на напаѓачот, кој досега медиумите го прикажуваа како барател на азил од Блискиот Исток.

Британскиот печат објави дека Емад ал Свелмин пристигнал во Велика Британија во 2014 година, а потоа му била одбиена молба за азил, по што преминал во христијанство.

Неколку медиуми денеска јавија дека некои апликанти ја менуваат верата за побрзо да добијат азил.

бомбаш самоубиец В. Британија Ливерпул полиција Свет такси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.