Published: Friday, October 21, 2016 14:09
Британскиот неделник „Спектатор“ на најновата насловна страна објави карикатура која ја пренесува пораката „Мајка татковина повикува“, а во форма на татковината е рускиот претседател Владимир Путин со логото на „Раша тудеј“.
Под карикатурата на насловната страна се вели „Путин против светот. Тој победува и во пропагандата и во пракса“. Во овој број се објавени све стории посветени на Русија.
„Мајка татковина повикува“ е познат плакат од времето на Втората светска војна направен од уметникот Ираклиј Тоидзе. Ликот е изразен во „Мајка Русија“, поим кој се употребувал за време на Првата светска војна.




