Британскиот Парламент одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за Брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.
За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, а 306 беа против.
Оваа одлука може да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.
Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат Брегзит без договор. Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.
Тој нагласи дека предлог законот за договорот за излез на Британија од ЕУ ќе го испрати во парламентот следната недела, за да се избегне ново одлагање бидеји, како што вели, законот на тоа не го обврзува.
Според таканаречениот Бенов закон, премиерот мора да побара продолжување откако пратениците денеска не го одобрија договорот.
Законот за спроведување на договорот технички би требало брзо да се сработи, овозможувајќи и на Велика Британија до договорениот рок – 31 октомври, да ја напушти ЕУ.




