Првата фаза од планираниот референдум на Велика Британија за членство во Унијата помина во британскиот парламент.
Од 597 присутни пратеници, 544 го потврдија споменатиот текст кој отвора пат за продолжување на парламентарниот процес.
Законот го предложи премиерот Дејвид Камерон откако го доби новиот мандат на 7-ми мај.
Тој вети дека ќе преговара со Брисел за нов договор за британските позиции во ЕУ, како и дека ќе одржи референдум за членството до крајот на 2017 година. Избирачите ќе одговараат на прашањето „Треба ли Обединетото Кралство да остане членка на Европската унија?“. Својата офанзива за реформи во ЕУ, за кои смета дека се непотребни, тој ја помина во неколку поголеми земји-членки каде што оствари средби со највискоите претставници во државите.
Нацрт законот уште треба да ја мине законодавната фаза пред Парламентот и пред Долниот дом.
Истовремено, амандманот на Шкотската национална партија (SNP) чија цел беше блокирање на текстот, беше отфрлен со мнозинство од 338 наспроти 59 гласови, како и предлогот за давање глас на младите од 16 и 17 години.




