Published: Tuesday, March 15, 2022 09:26
Извештај на британското Министерство за одбрана (МО) предупредува на можноста на Русија да побара референдум во Херсон во обид да ја легитимира новата власт и да создаде отцепена република слична на Доњецк, Луганск и Крим.
Британското МО соопшти дека Русија наводно поставила свој градоначалник во Мелитопол по наводното киднапирање на неговиот претходник во петокот.
Во разузнувачките податоци се наведува дека руските сили, исто така, истрелале неколку куршуми како предупредување кон демонстранти по избивањето на протести во окупираните делови на Украина.




