Воената офанзива на Русија во Украина е запрена поради лошите воени перформанси на Русија и жестокиот отпор на Украинците, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното ажурирање на разузнавањето објавено на Твитер, пренесува агенцијата „Укринформ“.

„На 24 август 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и рече на Шангајската организација за соработка дека Русија намерно го забавува темпото на својата воена кампања во Украина, водена од потребата да се намалат цивилните жртви. Ова е речиси сигурно намерна дезинформација. Офанзивата на Русија е запрена поради лошите руски воени перформанси и жестокиот украински отпор. Под наредба на Шојгу, силите кои дејствуваат во Украина постојано ги промашувале планираните оперативни временски рокови“, соопшти Министерството.

Се додава дека е голема веројатноста Шојгу и претседателот Путин да отпуштиле најмалку шест генерали затоа што не напредувале доволно брзо.

„На денот кога Шојгу зборуваше, руска балистичка ракета со краток дострел СС-26 Искандер погоди воз во градот Чаплине, убивајќи најмалку две деца“, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.

Извор: civilmedia.mk