Велика Британија посакува „привремена царинска унија“ по излегувањето на земјата од Европската Унија, соопштија денеска челниците задолжени за Брегзит.
Британците повикуваат на транзициски период за да се одржи врската со европската царинска унија.
„Еден од можните пристапи е привремена царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ и за време на тој период на транзиција, кој би бил договорен со Брисел, Британија би договарала нови трговски договори ширум светот“, стои во владиното соопштение.
Според предвидувањата, Обединетото Кралство треба да го напушти европското семејство до 2019 година.
Преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ почнаа во јуни, оваа година и засега се водат околу три клучни точки – правата на граѓаните на ЕУ во Британија во иднина, финансиските детали и границата со Ирска.




