Српската премиерка Ана Брнабиќ која вчера во Москва го потпиша Договорот за слободна трговија со Евроазиската економска унија рече дека не очекува овој договор да биде биде пречка за Србија на патот кон Европската унија.
Од Брисел изјавија дека Србија ќе мора да го прекине договорот кога ќе стане членка на Унијата, на што Брнабиќ коментираше „ некој да не помисли дека тоа ќе биде утре“ и додаде дека Србија сака да стане членка на ЕУ но тоа не зависи од Србија туку од предзивиците со кои се соочува Унијата.
„ Се надевам дека Брисел сака да влеземе во ЕУ како економски силна земја која има подобри плати и подобра животен стандард . Овој договор води кој тоа“ рече Брнабиќ.
Договорот ќе ги замени постојните билатерални договори на Србија со Русија, Белорусија и Казахстан и ќе ја прошири зоната на слободна трговија со Ерменија и Киргистан, опфаќајќи пазар од околу 185 милиони луѓе.
Според договорот, Србија ќе може да извезува без царина 2.000 тони цигари, околу 90.000 литри вињак, 400 тони полутврдо и тврдо кравјо сирење, неограничени количини козјо и овчо сирење и неограничени количини на ракија од овошје во земјите на Унијата.
Според договорот, останува царинита на извозот на автомобили од Србија.
Таа им порача на „оние кои го критикуваат договорот и изјавуваат дека станува збор за политички, а не за економски договор“ дека „од основањето на таа унија, принципот е дека веќе нема договори за слободна трговија на одделни земји-членки со други земји, туку со целата унија, така што ова да не е сторено, практично не можевме да имаме договори со Русија, Белорусија и Казахстан “.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан и претседавачот на Колегиумот за Евроазиска економска комисија, Тигран Саркисијан, вчера во Москва потпишаа Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија.




