Претседателката на српската Влада Ана Брнабиќ оцени дека едностраното прогласување независност на Косово не било во согласност со меѓународното право и стандарди.
На конференцијата за светска политика во мароканскиот град Маракеш таа рече дека едностраното прогласување независност на Косово не се случило за време на војна, туку се случило кога Обединетите нации гарантирале дека е дел од Србија, а Србија веќе осум години била на патот на демократските промени..
“Значи, не за време на владеењето на Слободан Милошевиќ, туку кога е убиен демократски премиер. Поради тоа навистина не гледам никаква логика во тоа зошто едностраното прогласување независност било во согласност со меѓународното право и стандарди или зошто беше одобрено од страна на некои држави”, изјави Брнабиќ.
Во Приштина, според неа, повеќе нема Срби.
“Потоа Србите се исфрлени и не само тоа, туку српски цркви се запалени, српски манастири се запалени. Дали Европа реагираше? Дали НАТО реагираше? Не. Србите веќе не се враќаат. Веќе нема Срби во Приштина”, рече таа.