Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ: Синиша Мали останува министер, студентите се политички активисти

0
By Нова ТВ on September 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2019 20:09

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека не очекува министерот за финансии Синиша Мали да поднесе оставка од функцијата, како што бараат студентите кои го блокираа Ректоратот на Универзитетот во Белград (БУ), како и дека таа не го доведува во прашање неговото министерско место.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската премерка кажа дека тоа што се случува на Ректоратот е „срам за Белградскиот универзитет, односно тажна политичка престава, на која и нема крај на повидок“.

Брнабиќ истакна дека не знае кои се конкретните барања на групата од 15 до 20 студенти, за кои рече дека се политички активисти и ги повика да ги достават своите барања, за што е подготвена веднаш да се изјасни. Таа додаде дека не може и не сака да се меша во автономијата на универзитетот и ги повика студентите кои го блокираат ректоратот да им дозволат на студентите да ги добијат потребните услуги и професорите да продолжат со своите активности.

Според неа, Ректорката на БУ, Иванка Поповиќ, дава контрадикторни изјави за настаните во Ректоратот и за барањата на студентите.

Како што објасни Брнабиќ, ректорката смета дека во Ректоратот влегла група на политички активисти на владејачката СНС, но ништо не кажа кога во зградата влегувале претставници на други политички групи да ги поддржат студентите, како што се Движењето „1 од 5 милиони“ и од Сојузот за Србија.

Ректорката на универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, рече дека денешните разговори со студентите што ја држат зградата на Ректоратот под блокада, биле „конструктивни“ и рече дека тие се „чекор поблизу до договор“.

Студентката Валентина Рековиќ од „Еден од пет милиони“ рече дека разговорите со ректорката биле одговорни и конструктивни, додавајќи дека темата на преговорите е „да се продолжи со расчистувањето на вистината за докторатот на министерот за финансии Синиша Мали“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.