Published: Tuesday, July 21, 2015 11:22
Грчките власти соопштија дека во Средоземното море е забележан брод со 150 до 200 мигранти до кој пристигнале два грчки брода за да им понуди помош и да ги евакуира мигрантите доколку е тоа потребно.
Според Министерството задолжено за поморскиот сообраќај во Грција, тие не се во опасност од временските услови.
Бродот се наоѓал околу 140 километри југоисточно од грчкиот остров Карпатос, во меѓународните води.
Грција е една од посакуваните дестинации за бегалците од Сирија и земјите од Африка, кои бараат подобар живот во ЕУ.




