Published: Tuesday, June 2, 2015 12:41
Патнички брод со 458 патници потонал во третата најголема река во светот, Јангце на југот на Кина, а во спасувачката акција досега биле спасени 12 лица, објави кинеската државна агенција Синхуа.
Бродот испловил од градот Нанџинг и патувал кон Чонгџинг, град кој се наоѓа во југозападниот дел на Кина. Сеуште не се утврдени причините за потонувањето, но кинеските власти веднаш ги привеле капетанот и главниот инженер.
На бродот во моментот на несреќата имало 458 луѓе – 405 кинески патници, пет туристички работници и 47 членови на посадата.




