Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брод со илегални имигранти потона во Босфорот

0
By Нова ТВ on November 3, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 3, 2014 11:24

Седум лица се спасени од страна на турската крајбрежна стража , додека 24 тела од кои едно бебе се извадени денеска од водите на Босфорскиот теснец по потонувањето на брод во кој најверојатно имало имигранти, објавуваат турските медиуми.

Како што пренесува агенцијата Dogan повикувајќи се официјалните претставници на спасувачката операција, повеќе од жртвите се деца. Според досегашните сознанија, со бродот се превезувале меѓу 30 и 40 имигранти.

Официјално кабинетот на гувернерот на Истанбул засега потврдува дека се извадени четири тела а пет луѓе се спасени од бродската хаварија која се случи крај малото селото Румели Фенери, на сливот меѓу Босфорот и Црното Море, пишува весникот Hurriyet.

Седум пловила на турската крајбрежна стража, хеликоптер и посебен тим нуркачи се вклучени во операцијата за спасување. Нив и м помагаат и локалните рибари.

„Ветрот многу ја отежнува нашата задача. Станува збор за многу мал брод, но во него имало околу 40 лица. Видовме дека тела на деца лебдат на површината од морето“, изјавил за весникот Али Сарухан, од тимот спасувачи.

Според сознанијата, имигрантите најверојатно се упатиле кон Романија. Засега нема информации од каде потекнуваат настраданите, но познато е дека многубројни имигранти од Африка и Блискиот исток преку Турција влегуваат во Европската унија, патувајќи во несигурни и пренатоварени бродови.

Босфорскиот теснец е еден од најпрометните поморски премини на светот и клучна рута за извоз на руската нафта и други стоки, како и единствениот излез од Црното Море кон светските океани.

Во текот на годинава десетици бродови потонаа во Егејското и во Средоземното Море, како и во Босфор. Пред два месеца брод носејќи 82 имигранти беше спасен од турската крајбрежна стража во близина на северниот брег на Истанбул. Бегалците, претежно Сиријци и Авганистанци, тогаш, наводно исто така се упатиле кон Романија.

Бројот имигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа со ризичните патувања во небезбедни и дотраени бродови крај западниот и јужниот турски брег е драстично зголемен од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година. Десетици илјади луѓе, исто така, се обидуваат преку копно да ја минат турската територија кон Бугарија и кон Грција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.