Вкупно 668 мигранти биле спасени од небезбедните чамци на шверцерите во Средоземно Море, крај брегот на Либија, изјавија италијанските власти.
Мигрантите биле спасени од италијанската крајбрежна стража и бродови на военопоморските сили, кои биле помогнати од ирски и германски бродови и хуманитарни организации.
Ирската армија соопшти дека нејзин брод спасил 123 мигранти од 12 метарски чамец и дека било откриено тело на еден маж.
Германски брод, што патролирал и пресретнувал чамци на шверцерите, учествувал во четири спасувачки операции, изјави италијанската крајбрежна стража.