Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројките не се важни, треба да влеземе во Уставот, порачуваат македонските Бугари

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 16:21

Претседателот на  Здружението за Македонско-бугарско пријателство Добре Митрев вели дека главната порака што сака да ја испрати откако пописот покажа дека во Македонија живеат 3.504 Бугари е дека тие треба да влезат во Уставот независно од бројката. На тој начин Македонија, вели Митрев, ќе покаже дека не им се прекршуваат правата на граѓаните кои можат слободно и без притисоци да се самоопределуваат, што не било случај, како што вели, на пописот затоа што добивал поплаки од граѓани кои се жалеле дека попишувачите им барале преку лична карта да ја докажат својата националност и не им дозволувале да видат што запишале во своите таблети, откако биле попишани.

-Бројките не се важни, важно е да се почитува правото на самоопределување. Не е важно дали во Македонија има 1.000, 5.000 или 10.000 Бугари, туку е важно тие да влезат во Уставот како и сите други кои живеат на територијата на државата, вели Митрев во изјава на Нова.

Тој е роден во Македонија и вели дека во своите 58 години досега немал никакви притисоци, но дека тоа не може да го каже за други жители кои имаат бугарско државјанство, живеат во Македонија, а се чувствуваат како Бугари.

Тој изрази сомнеж во податоците на Заводот за статистика и тврди дека се манипулира со иста бројка која била прикажана како гласови за политичката партија ГДУ на Петар Колев која на последните парламентарните избори освоила 3.555 гласа, а на пописот беа изброени 3.504 граѓани кои се самоопределилe како македонски Бугари.

– Како е можно Бугарите да бележат прираст,а бројката да стои иста со години. Колку гласачи, толку Бугари. Тоа не е можно, каде се тука запишани децата. Некој треба да објасни како може да има прираст на македонските Бугари, а да нема измени во бројката на граѓаните кои се изјасниле како Бугари и гласале на избори, со сегашната од 3.504, изјави Митрев.

Претходно, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов  реагираше на резултатите од пописот што ги објави Државниот завод за статистика. Според него, со тоа што само 3. 504 граѓани се изјасниле како Бугари, е како воопшто да нема Бугари, а само во последните две години бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија.

И Митрев е убеден дека во земјава има повеќе Бугари, отколку што се попишани и се повикува на бројките од над 100.000 издадени пасоши за македонски државјани.

– Според Законот, бугарско државјанство може да се добие само ако тие што барале ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, така што таа бројка од над 100.000 граѓани кои се изјасниле како Бугари не е случајна, смета Митрев.

С.М.

Бугари добри митрев попис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.