Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на болни од рак се зголемува за 3,6 отсто годишно, најмладата пациентка има 22 години

0
By НОВА ТВ Balaban on May 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2022 15:44

Најмладиот пациент што деновиве му беше дијагностициран рак е девојка на 22-годишна возраст, а најголемиот дел од пациентите се на возраст од 60 до 70 години. Во претходните три години и во услови на пандемија на нашата клиника нема листи на чекање ниту за хемотерапија, ниту за радиотерапија. Ниту еден пациент не е вратен, сите се прегледани и  навреме ја примаат терапијата, изјави денеска вели д-р Нино Васев, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија на денешната промоција на новиот  линеарен акцелератор од типот Varian, марка „Halcyon”.

Акцелераторот веќе е во функција, а д-р Васев, заедно со министерот и заменик-министерот за здравство, Беким Сали и Владимир Рендевски, денеска го посетија бункерот кадешто апаратот е сместен.

– На нашата клиника се лекуваат најтешко болните пациенти, а, за среќа, околу 80 отсто од нив се на возраст од над 60 години, додека од средната и помладата генерација има помалку пациенти.  Зголемувањето на малигните болести од 3,6 отсто на европско ниво, се однесува и за нашата земја. Прецизноста на зрачењето со овој апарат  драстично ќе се зголеми, бидејќи машината работи двојно побрзо, рече д-р Васев.

Министерот Сали изјави дека продолжуваат инвестициите за набавка на  медицинска опрема и унапредување на работата на дијагностичките центри во државата.

– Акцелераторот е пуштен во клиничка употреба и со него се воведува нова техника на радиотерапија – волуметриска модулирана лачна терапија (ВМАТ), при што се опфаќа туморот и ризичниот простор околу него. Тоа што ја прави оваа техника подобра од другите е брзината на испорака на дозата пропишана од радиотерапевтот, а секако и таргетирањето е подобро. Оваа техника првпат се изведува и претставува синхронизирање со останатите радиотераписки центри во регионот и Европа, посочи Сали.

Анцелераторот е со вредност од 108 милиони денари и е обезбеден од Министерството за здравство преку јавна набавка, а со средства од  Клиниката за онкологија е обезбедена адаптација на просторот, каде е сместен линеарниот ацелератор, изградба на бункер, ходници и друга апаратура.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека во јуни планираат да го промовираат и да го пуштат во употреба вториот акцелератор во ГОБ „8 Септември”.

Д-р Васев рече се залагаат машините во Градската општа болница „8 Септември” најитно што може да профункционираат.

– За тоа нѝ треба и кадар, не е само машина туку треба шест обучени техничари, двојца физичари, веќе едниот специјализира, имаме докторка што ќе работи таму и уште еден доктор ќе ни треба таму за да може тој центар да функционира, додаде д-р Васев.

Акцелераторот Нино Васев Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.