Published: Monday, February 13, 2017 18:04
Бројката на мигранти кои пристигнале во Европа преку Медитеранот е намален за 50 отсто во јануари во споредба со декември минатата година, соопштија од Фронтекс.
„Вкупно 4.400 мигранти пристигнале во Италија преку море, што е намалување за 16 отсто од пред една година и 46 отсто од декември минатата година“, соопштија од организацијата Фронтекс.
Според оваа организација, намалувањето на бројката на мигранти се должи на ладното време во Европа што влијаело на намалување на мигрантите за 18 отсто помалку мигранти во јануари.
Бројката на илегални минувања на границите во регионот на земјите од Западен Балкан во јануари е ист како и во декември минатата година, но за 96 отсто помал во споредба со јануари годинава.




