Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на новодијагностицирани се намалува, мал број ученици се заболени

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90. Нема повеќе голем број на пациенти кои се хоспитализирани во тетовската болница, сега се 90 наспроти 120 кои беа претходно. Така што сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека интензивно секојдневно ја следат ситуацијата во училиштата, активни се сите служби. Министерството за образование и наука, потенцира, ги собира сите податоци на дневна основа, веднаш ги споделува и со нас и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата. Протоколите во училиштата се направени по принципите на тоа како се одвиваат препораките не само кај нас, насекаде во светот, за спречување на ширење на вирусот со маските, со дистанците итн. И овие бројки кои досега ги имаме укажуваат дека навистина е мал бројот на ученици кои се заболени. До крајот на минатата недела во четири скопски општини во две училишта во секоја од општините имаше по едно заразено дете, односно еден ученик со мал број на контакти според епидемиолошките анкети. Денеска уште дополнително двајца ученици, еден од Велес и тоа е за првпат во внатрешноста и уште едно училиште тука во Скопје, што значи дека навистина е мал бројот на деца кои досега се евидентирани дека заболеле, рече Филипче.

Имајќи предвид дека во текот на минатата година кога 40-тина проценти од вкупниот број деца кои одеа во училиште беа со физичко присуство и навистина незначителен беше бројот на деца кои заболеа во училиште, нагласи министерот, сега и со овие протоколи имајќи го во предвид тоа искуство од минатата година навистина ризикот е минимален.

– Практично доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и за Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали евентуално треба продолжување, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна дека нема притисок во болниците каде што висок е опфатот со вакцинација во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е притисокот таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

– Од вкупниот број пациенти кои се хоспитализирани, а вакцинирани, најголем се со само една доза. Сепак е тоа потврда дека е потребно време да помине да се развие имунитетот. Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти, имаме и со „Фајзер“ и со „Спутник“, имаме и со кинеската вакцина, имаме пациенти од странство кои се вакцинирале со „Модерна“. Значи, во тој дел нема некоја разлика, рече Филипче и додаде дека младите кои починаа од Ковид-19 биле невакцинирани.

епидемија Коронавирус Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.