Published: Monday, March 28, 2016 12:12
Бројот на загинатите во бриселските напади на аеродромот и метрото се искачи на 35 лица. Овој податок денес го даде бриселското обвинителство и министерството за јавно здравство.
Во оваа бројка се вклучени и тројцата бомбаши самоубијци кои се разнесоа на аеродромот и во метрото.
Четири лица помеѓу жрвите починале во болница, 31 лице на местото на нападите. Од нив досега 28 лица се идентификувани. Уште четири лица се уште не се идентификувани.




