Бројот на жртви од силниот земјотрес кој го погоди Мексико се искачи на најмалку 90 загинати.
„Загинаа 71 човек само во Оахака“, изјави портпаролот на службите за цивилна заштита, Хесус Гонзалес.
Во Чиапас загинаа најмалку 15 луѓе а четворица своите животи ги загубиле во државата Табаско.
Во јужниот дел на Мексико службите и понатаму се во потрага по преживеани а луѓето кои ги напуштиле своите домови, се уште се плашат да се вратат назад од страв од рушевините како и нов земјотрес.
Земјотресот со јачина од 8.1 степени според Рихтер, го погоди Мексико во четвртокот. Ова е најсилниот земјотрес во државата во последните 100 години.
Мексико е трусно подрачје, кое според научниците, лежи на пет тектонски плочи.