Published: Wednesday, June 14, 2017 19:24
Најмалку 12 лица загинаа во пожарот што утринава изби во лондонскиот облакодер Гренфел тауер, соопшти лондонската полиција.
– Можам да потврдам дека загинаа 12 лица, но се плашам дека, за жал, нивниот број ќе расте, изјави шефот на лондонската полиција Стујарт Кунди.
Британските медиуми јавија дека се уште не е позната судбината на многу луѓе кои се наоѓале во 27 катната зграда во западен Лондон во моментот кога избил пожарот. Причината се уште не е позната.




