Навивачи на Ривер Плата предизвикаа големи насилства, се судрија со аргентинската полиција, го нападнаа автобусот на Бока јуниорс додека гостинските фудбалери и стручниот штаб се движеа кон стадионот „Монументал“ на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес.
Затворен сообраќај, превртени контејнери и автомобили, солзавец, блиски средби, итн. Безредие не успеа да се спречи ниту полицијата и покрај големиот број на полициски службеници на терен, околу стадионот, на улиците.
Натпреварот меѓу екипите чие ривалство се вбројува меѓу петте во фудбалскиот свет е поместен за вечерва во 21 часот по средноевропско време. Дали ќе се одигра засега нема одговор од Аргентина.