Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финалето Копа Либертадорес одложено по нападот врз играчите на Бока

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 25, 2018 10:12

Напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Бока Јуниорс од страна на навивачите на тимот Ривер Плата, го одложи вториот натпревар од финалето на Копа Либертадорес.

Натпреварот помеѓу двата жестока аргентински ривали е закажано за денеска во 20 часот според средноевропско време, во Буенос Аирес.

Одложувањето беше конечно соопштено од тимот Ривер Плата на Твитер по повеќе од два часа неизвесност, со две одложувања- најпрво во 21:00 часот, а потоа во 22:15, за на крајот да биде одложен за цели 24 часа.

Играчите на Бока беа повредени од парчиња стакло од скршени прозорци, а потоа беа изложени и на солзавец што го користеше полицијата за да ги растера навивачите.

Видео снимки од соблекувалната на Бока покажаа дека играчите се нервозни и дезориентирани.

На голем број играчи, меѓу кои и поранешниот напаѓач на Бока, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и напаѓачот на Јувентус, Карлос Тевез, наводно им била прижена помош откако се пожалиле на вртоглавица и повраќање.

Извештаите велат дека Пабло Перез и Гонзало Ламардо од Бока биле пренесени од амбуланта во болница- при што првиот завршил со исеченици на окото, а вториот на главата.

-Пабло се врати од болница и има завој на окото, изјави Тевез пред новинарите пред да биде потврдено одложувањето.

-Другите соиграчи имаат помали повреди, но доволно е и тоа само што не можеме да дишеме од гасот. Не можеме да играме така, додаде тој.

-Ова треба да биде срам за нас како општество и многу жално ми е што треба да одложиме ваков важен натпревар, изјави претседателот на Бока Даниел Ангеличи.

-Не е лесно да се донесе оваа одлука кога на стадионот има 60.000 луѓе, а телевизиските права се продадени во многу земји, но најважна физичката и психолошката состојба на тимот”.

Претседателот на Тивер Плата, Родолфо Д’Онофрио, додаде: “Како аргентинец и како фудбалски лидер, сметам дека ова е срамно [но] ова е вистинска одлука и се надеваме дека ќе можеме да играме во мир в недела”, рече тој.

Нападот се случил откако тимот се упатил кон Етадио Монументал во Буенос Аирес за вториот дел од финалето. Првиот натпревар минатата недела на теренот на Бока заврши  нерешено 2-2.

Поранешниот напаѓач на Аргентина, Габриел Батистута, исто така, ги нарече овие сцени срамни: “Пропуштена е и другата шанса, пред очите на целиот свет што е срамно и жално”.

Копа Либертадорес е врвно клубско натпреварување во Јужна Америка, еквивалентно на Лигата на шампионите во Европа. Клубовите се согласиле да забранат присуство на фанови кои веќе имаат постојна забрана во домашното фудбалско првенство во Аргентина.

Ова Суперкласико во Буенос Аирес помеѓу Ривер и Бока се смета за едно од најпознатите дербија во светот на фудбалот.

Пред три години, последниот нтпревар на Копа помеѓу Ривер и Бока на теренот Ла Бомонера бил прекинат по половина час откако навивачите на Бока ги нападнале играчите на Ривер со спреј во тунелот кој води од соблекувалните до теренот.

Горчливо ривалство на овие два клуба кои се наоѓаат само неколку километри еден од друг – во градот Ла Бока, датира помеѓу 1905 и 1923 година.

Кога фудбалот во Аргентина станал професионален во 1931 година, Ривер – кој се преселил во округот Реколета во Буенос Аирес осум години претходно – одлучил да потроши голема сума пари за преземање нови играчи, добивајќи го прекарот “Лос Милионариос”.

Ваквото трошење пари само го поттикна веќе вжештеното ривалство со Бока, кои никогаш не ја напуштија работничката населба во градот, Ла Бока.

Оттогаш, двата клуба собраа 69 лигашки титули меѓу нив – Ривер го освои аргентинскиот фудбалски врв 36 пати, додека Бока има 33 титули.

Ова е првпат во 58-годишната историја на Копа Либертадорес, двата тима да се соочат меѓусебно во финалето на натпреварот.

Аргентина Либертадорес Првенство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.