По три последователни гласања багарскиот парламент го избра Бојко Борисов за премиер на земјата, и ја поддржа структурата на новиот кабинет.
Со 149 гласа „за“ Борисов ја доби довербата на 43-тото Народно собрание. 85-мина пратеници се спротивставија, а немаше ниту еден воздржан.
Според првичните пресметки 137 гласа беа потребни за поддршка на лидерот на ГЕРБ, бидејќи толку прават пратениците од ГЕРБ, РБ, АБВ и ПФ. При гласањето денес дојде и изненадување од дополнителни гласови. Иако од партијата на Николај Бареков објавија дека нема да поддржат таков кабинет, тие гласаа за него.
83 пратеници од ГЕРБ застанаа зад лидерот, додека сите присутни 37 социјалисти од БСП се изјаснија бескомпромисно против.Со слична бројка – 35 гласа, и ДПС останаа во цврста опозиција.




