Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија ја бара куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

0
By Соња Крамарска on March 21, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Димитар Талев е една од најобединувачките фигури меѓу Бугарија и РСМ. Мора да градиме мостови меѓу двата народа, а Талев е пример – ја сака Македонија. Сакаме државата да влезе во директни преговори со сопствениците на куќата на Талев, да ја откупи и зачува“. Ова го изјавил Димитар Панчев, наследник на великанот на Бугарија Димитар Талев, пишува БГНЕС.

Панчев нагласи дека заплетот на романот на Талев „Железниот светилник“ се врти околу познатата куќа и таа треба да се зачува.

Студентскиот клуб „Кан Кубер“, наследниците на Димитар Талев и претставници на клубот „Патриотизам и родољубие“ организираа прес-конференција на тема „Куќата на Димитар Талев во Прилеп – можности и решенија“, на која ја повикуваат бугарската држава да се направи се што е потребно за да се зачува „овој споменик на Бугарија во Македонија“.

„Куќата буквално се распаѓа. Ние сме протерани од нашата земја. Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) не избрка од таму и се вративме кај татко ми. Приказната за Димитар Талев се повторува, тој беше избркан, сега јас и моето семејство бевме избркани. Се лутам на Бугарија – да не може да собере 100.000 евра за една куќа – срамота“. Ова го изјави и Снежана Аческа, сопственичка на куќата на Димитар Талев, пишува БГНЕС.

„Пречекав многу Бугари во посета, соседите ме навредуваа. Барам Бугарија да покаже интерес за оваа куќа. Да го вратиме Димитар Талев од каде што замина“, рече Аческа, по што појасни дека куќата е голема со над 10 соби. „Ќе оставам две соби да бидат од тоа време, како и библиотека полна со српска, класична и светска литература. Сакам куќа за куќа, не сакам да се збогатам од куќата на Димитар Талев – сакам да се зачува и да може да се посети. Ја сакам Бугарија и барам државата да направи нешто вредно во центарот на Прилеп. Почнав со Прванов, Данаилов, Спас Ташев, разговарав со директорот на домот за култура во Скопје, но немаше резултат“, рече Снежана Аческа.

„Антибугарската политика во Северна Македонија, која е насочена против населението со бугарска самосвест е загрижувачко, особено што и Снежана Аческа не се чувствува безбедна“, изјавил Љубомир Талев, роднина на Димитар Талев. „Бугарската држава мора да ја преземе својата улога и да ја спаси куќата на големиот бугарски писател од Северна Македонија – Димитар Талев. Не смееме да дозволиме да се троши националното и културното наследство. Турција сака да ја купи куќата затоа што е модел на отоманска архитектура, турската држава има намерна политика на зачувување на оние предмети врз кои имала влијание, тоа е т.н. мека моќ. Бугарија мора да има цврста политика кон таквите споменици кои се толку важни за Бугарија“, изјавил и Љубомир Талев.

„Колку куќи во Бугарија на големи бугарски писатели се музеи – многу малку. Куќата на Димитар Талев е света за сите нас – во неа се развиле познати романи“. Ова го изјавил бугарскиот професор Михаил Неделчев. „За Бугарија да има куќа-музеј, симбол на бугарската култура и литература во центарот на Прилеп, тоа мора да се случи. Како историчар целосно ја поддржувам оваа кауза и ќе помогнам колку што можам да се зачува куќата на Димитар Талев“, рекол тој.

„Каква и да е цената на куќата, таа е неспоредлива со бесценетата литература на Димитар Талев. Ова го изјавил и диригентот Христо Христов, кој се претставува како потомок на Гоце Делчев. „Ова е огромно богатство за Бугарија и мора да се зачува, куќата нека се купи, бидејќи за бугарската земја тоа е бесценето“, рекол тој.

„Најстрашното во целата ситуација не е тоа што друга земја е заинтересирана и понудила да ја купи куќата, туку што бугарската држава тоа не го сторила 20 години. Ова го изјави и Владимир Чешмеџиев од клубот „Патриотизам и родољубие“. Срамно е што толку години не се отворила оваа тема. Зачувувањето на оваа куќа е должност кон младите, кон следните генерации, да ја зачуваат можноста тие да го слават овој херој. Самиот Димитар Талев е жртва на режимот во Југославија, сега истиот режим го продолжува Северна Македонија над тамошните Бугари“, додаде Владимир Чешмеџиев.

Бугарската страна, како што јавуваат тамошните медиуми, барањето за куќата во Прилеп го доставила до министерствата за надворешни работи и за култура.

„На Бугарија и недостига стратегија, мора да имаме Национална стратегија за бугарско присуство на целиот Балкански Полуостров. Бугарските културни наследства мора да почнат да бидат во фокусот“, рекол Љубомир Талев.

Извор: БГНЕС

Бугарија куќата на Димитар Талев Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.