Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

0
By Соња Крамарска on January 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија ќе побара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите кои што ќе патуваат во Македонија за да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари, најави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на отчетот за сработеното во МНР за време на техничката влада.

На настанот, како што кажа, ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада во Скопје.

„Клучно е да се гарантира безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е дел од тоа. Ние сакаме да постигнеме деескалација и не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде осигурување на безбедноста на бугарските граѓани таму воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, но таа не треба да не враќа на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било бетонирање на репресијата“, изјавил Милков, а пренесува БНТ.

Според него, ако Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

„Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан“, вели тој.

Милков уште додава дека Бугарија ќе бара од македонските власти потврда дека локалните институции ќе си ги вршат функциите.

Тој вели и дека Бугарите и луѓето со бугарска самоопределба немале доверба во македонските институции, а поплаките што ги поднесуваат не се разгледувале или ако се разгледувале добивале негативен резултат.

„При ваков притисок, Бугарите во Северна Македонија немаат многу опции, или треба да ја прекинат својата дејност или да се вратат во Бугарија. Тоа треба да е дел од нашиот дијалог таму за да може да се излезе од тој маѓепсан круг, тие се жалат, а бумерангот им се враќа. Бугарски клуб е нападнат, а членовите на тој клуб се повикани во полиција на распит. Тоа е основниот проблем, за какви и механизми да се залагаме, ако институциите не си ја вршат работата, нема да има резултати, додава Милков.

 

Николај Милков нота оддавање почит на 4 февруари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.