Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија ќе ѝ помогне на С. Македонија во подготовката на трудовото законодавство согласно со барањата на ЕУ

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија ќе обезбеди експертска поддршка на Северна Македонија во подготовката на законодавството од областа на трудот и здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на Европската Унија (ЕУ). На овој начин Бугарија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ и социјалната политика, соопшти Министерството за труд и социјална политика на Бугарија по средбата во Софија на бугарскиот вицепремиер и министер за социјала Галаб Донев и неговата македонска колешка Јагода Шахпаска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, размената на искуства во подготовката на прописите ќе биде дел од програмата за соработка во областа на вработувањето и социјалната политика за периодот 2022-2024 година, што ќе ја подготват двете соседни земји.

За време на разговорот, министерот Донев ги презентирал антикризните мерки на бугарската Влада за поддршка на вработувањето, бизнисот и семејствата, а како што информирал Бугарија во моментот има најниска стапка на невработеност од 4,8 отсто.

Донев и Шахпаска разменија искуства за мерки за унапредување на вработувањето на млади и економски неактивни лица, проекти за субвенционирање на работни места и намалување на невработеноста, како и за создавање услови за конструктивен дијалог со репрезентативните организации на работодавачи и синдикатите.

Тие изразија надеж дека Бугарија и Северна Македонија ќе ја продолжат соработката на полето на работната миграција со потпишување договор за нејзино регулирање со цел да се обезбеди полесен пристап до пазарот на труд за граѓаните на двете земји.

Министерката за труд и социјална политика на Северна Македонија Јагода Шахпаска е во посета на Софија каде ќе учествува на меѓународната конференција за демографска одржливост, на која учествува и заменик-генералниот секретар на Обединетите нации и директор на Фондот за население на Обединетите нации, Наталија Канем. 

Бугарија Галаб Донев ЕУ законодавство Јагода Шахпаска Македонија Усогласување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.