Кандидатката за претседател на Бугарија Цецка Цачева, која ја има поддршката на ГЕРБ, партијата на конзервативниот премиер Бојко Борисов, го загуби првиот круг на изборите според првите неофицијални резултати. Таа освои помеѓу 22,5 и 23.5 отсто гласови.
Нејзиниот противник Румен Радев, кандидат за социјалистичката партија, освои помеѓу 24.8 и 26.7 отсто гласови.
Овој резултат е пораз за премиерот Борисов.
Борисов, кој е на власт од 2014 година, вети дека ќе даде оставка од функцијата доколку кандидатката на ГЕРБ ги загуби изборите и ќе свика вонредни парламентарни избори. Но ако до оставка не дојде а на изборите победи Радев, опозицијата би можела да се обедини и да ја турне владата.
Радев во кампањата се заложи за кревање на европските санкции кон Москва па ЕУ и НАТО стравуваат дека Бугарија, доколку Радев победи, ќе се доближи повторно до Русија.
Вториот круг на изборите се одржува на 13 ноември.