Бугарската брза помош, која ги пренела седумтемина повредени патници кои успеааја да се спасат од автобусот што изгоре на автопатот „Струма“, сподели видео видео направено само десет минути по повикот, пренесе бугарската телевизија БНТ.

– Првото нешто што го видовме беше пожар на патот. Не знаевме што е. Тогаш го видовме запалениот автобус. Беше многу топло, поминав покрај него. Прозорците ми беа отворени, се плашев да не експлодираме додека поминуваме, вели возачот на брзата помош, Павел Музиски.

Минута подоцна, пристигнале уште две амбулантни возила. Патникот кој успеал да го искрши прозорецот последен бил пренесен во болница.

– За време на превозот кон болницата ми кажа дека седел на задното седиште во автобусот. Слушнал силен удар и автобусот почнал да гори. Тој со ногата го скршил стаклото, веројатно така и се повредил и скокнал низ прозорецот. За цело време на транспортот плачеше и го бараше синот кој седел на предното седиште, но телефонот ѕвонеше слободно, сведочи Лорита Николова од Центарот за брза медицинска помош – Перник.