Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарско МНР: Проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува меѓу приоритетите за Бугарија

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2019 20:41

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го поздравува објавувањето на Пакетот за проширување на Европската комисија за 2019 година и посочува дека се потврдени водечките принципи на политиката на проширување – принципот на сопствени заслуги и фокусот на владеењето на правото и основните слободи.

Бугарското МНР во соопштение наведува дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува една од приоритетните теми за Бугарија и треба да продолжи да зазема важно место на европската агенда. Посочува дека добрососедските односи, регионалната соработка, владеењето на правото се критериуми од  хоризонтално значење што спаѓаат во рамките на конвенциите.

– Задоволни сме од задржувањето на динамиката, постигната од бугарското претседателство на Советот на ЕУ во областа на проширувањето, вклучувајќи ги и приоритетите усвоени во јуни 2018 година, кои исто така се одразуваат и во тековните извештаи на ЕК. Во таа смисла, ги поздравуваме препораките за почеток на пристапните преговори и со Република Северна Македонија и со Албанија, се наведува во соопштението на МНР.

Со оглед на приоритетното значење на добрососедските односи, во секоја фаза од процесот, како што се додава, „ќе биде потребно да се оцени исполнувањето на договорите постигнати во таа област со сите земји кандидати кои ги водат пристапните преговори“.

– За таа цел, особено ќе биде важна примената на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Бугарија посочува дека внимателно ќе ги анализира извештаите и препораките на ЕК со цел да се процени нивниот кредибилитет и објективност.

– Ќе ги вложиме сите напори за донесување на Заклучоците на Советот, потврдувајќи го значењето на политиката на проширување на ЕУ, како клучен инструмент за мир, стабилност, безбедност, просперитет и длабока трансформација на општествата во земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство преку исполнувањето на потребните критериуми. Очекуваме да подготвиме заклучоци со кои ќе биде подготвено решение за почеток на преговори за членство со Република Северна Македонија и Албанија, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи, се наведува во соопштението ан МНР на Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.