Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово се сретна со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Нема детали за содржината на средбата освен фотографија со кус коментар на македонскиот шеф на дипломатијата:

„Благодарност за посветеноста на Франција и напорите за да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ. Уште денеска, францускиот предлог ќе се претстави кај сите институции на Република Северна Македонија, секако и пред граѓаните и целата јавност. Колку побрзо ќе се заврши консултативниот процес тоа е толку подобро за нас“, порача Османи. (С.К.)