Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе биде шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот на ЕК. Задолжен за техничкиот дел од процесот ќе биде советникот на премиерот Бојан Маричиќ, објави Телма.
Скрининг процесот на комисијата започнува утре со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Хан пред неколку дена изјави дека скринингот почнува со поглавјата 23 и 24, односно владеењето на правото, судството, корупцијата, слободата и безбедноста. Хан ќе има средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски, а ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции.
По завршувањето на скринингот, Комисијата треба да подготви извештај со кој ќе даде оценка за тоа, дали Македонија е подготвена за влез во ЕУ.