Дводневните антивладини протести во Романија резултираа со судир меѓу полицијата и демонстрантите. Во судирите се повредени повеќе од 100 демонстранти.
Демонстрантите носеле знамиња на Романија, Европската унија и други, а стоеле пред зградата на владата во Букурешт, каде вчера дојде до насилни судири со полицијата, пренесува „АП“.
„Без страв! Романија ќе се дигне“ – извикуваа демонстрантите, додека полицијата ги затвораше околните улици.
Судирите избиле на вчерашните протести кога некои од десетината илјадници учесници на протестот се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу владините објекти, потсетува американската агенција.
Романскиот претседател Клаус Јоанис, критичар на владата, соопшти дека “остро ја осудува бруталната полициска интервенција за разбивање на нередите“, која ја нарече непропорционален одговор на претежно мирните протести.





