Расте економската моќ на Бундеслигата. На ова укажува податокот што го изнесе нејзиниот директор Кристијан Зајферт според кого 18 клуба заработиле преку три милијарди евра во 2016 година. Вкупниот приход за сезоната 2015/16 достигна 3,24 милијарди евра што е за 23,7 отсто повеќе во однос на претходната.
Покрај тоа, 13 од клубовите заработиле повеќе од 100 милиони евра, додаде Зајферт при претставување на финансискиот извештај на Бундеслигата во Франкфурт.
Екипите од втората лига или популарната „Цвајте“ инкасирале 608,3 милиони евра што е зголемување за 20,3 отсто за разлика од сезоната 2014/15.
Извештајот покажува дека 34 екипи од вкупно 36-те во двете конкуренции се профитабилни. Во него ги нема Баер Леверкузен и Волфсбург бидејќи не објавуваат резултати од делловното работење.