Published: Friday, July 17, 2015 16:09
Германските пратеници денеска го одобрија договорот на кредиторите со Грција, со чие усвојување од страна на сите земји-членки на ЕУ ќе се отвори можност за отпочнување преговори за трет пакет помош на Атина.
Германија е најголемиот кредитор од ЕУ на Грција. Европските лидери треба да и доделат на Грција пакет за спасување вреден 86 милијарди евра. Претходно германската канцеларка Ангела Меркел рече дека тие сакаат Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори стои енормната солидарност на Европа, посочи Меркел.
Меркел според медиумите го имаше еден од своите најемотивни говори. Во него таа акцентира дека доколку не се одобри помошта не само Грција туку и Европа ќе биде втурната во хаос.




