НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бунтот во Кривичен: Судска пролет или лицемерие на судиите

3
By Нова ТВ on November 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судска пролет или лицемериe? Ова се двете прашања што се покренаа во јавноста откако се огласија судиите во Кривичниот суд, а тој своевиден бунт беше проследен со скандали, тужби, па и физички пресметки.

Сепак факт е дека конечно судиите се одважија да проговорат за притисоците кои доаѓаат од првиот човек на Судот Владимир Панчевски. Од него тие бараат да не ја злоупотребува својата функција за лични пресметки со судиите кои што не мислат исто со него. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека судиите кои се чесни и работат непристрасно  конечно решија да ја исцртаат црвената линија.

„Добро е што судиите го кренаа гласот. Не се сите исти, во судовите има чесни судии. Тие сфатија дека нивното молчење значи  одобрување на целокупната ситуација во судството. Сега се одважија да проговорат и сакаат да покажат дека не се во ист кош со другите, сакаат да   го задржат својот кредибилитет и да се дистанцираат од послушниците во своите редови“, вели за НОВАТВ адвокатот Звонко Давидовиќ.

zvonko
Звонко Давидовиќ – адвокат

Новинарот Саше Димовски очекувал „кокичињата“ меѓу судиите да никнат многу порано, а не да чекаат олку долго.

„За мене ова е задоцнета реакција бидејќи ваква очекував да се случи на почетокот на годината кога Панчевски размести над 20 судии од Кривичниот оддел во прекршоци, на санкции и на малолетници. Сепак ваквата реакција охрабрува, а Судскиот совет очекувам преку идентификација на потписите кои ги имаат дадено судиите при заклетвата и да не ја толкува како анонимна претставката, туку сериозно да ја разгледа, бидејќи ова се речиси една четвртина од судиите кои го кренаа гласот против претседателот на скопска единица“, смета новинарот Саше Димовски.

Неофицијално најголем дел од судиите потписници на претставката до Судскиот совет се токму оние кои добија прекоманда од нивниот шеф Панчевски. Тие тогаш испратија приговори до Врховниот суд кои им беа прифатени, но Панчевски не ја почитуваше одлуката на највисокиот суд и реши да ја спроведе реорганизацијата.

sase-dimovski
Саше Димовски – новинар

Новинарот Димовски смета дека „е време Судскиот совет, но и Советот за утврдување на факти сериозно да се посвети на проблемот во Основниот суд Скопје 1 кој го надмина приватниот проблем на Панчевски и станува сериозен проблем, бидејќи овој суд во последниот период стана брана или заштитник на сите постапки од кои ни зависи и понатамошниот напредок на земјата“, изјави Димовски.

Според Давидовиќ последните случувања во Кривичниот суд јасно покажаа дека е неопходна сериозна реформа на судството, за што со години зборува не само во домашната експертска јавност, туку судството е црна точка и во извештаите на Европската комисија, но и во извештајот на Прибе.

„Судството е во заложништво на една политичка партија и на извршната власт. Двојните аршини и селективната правда особено дојдоа до израз при постапувањето со случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Според мене, реформата во судството треба да почне од Судскиот совет, оти таму е изворот на непрофесионалноста и неспособноста на судиите“, додава Давидовиќ.

13 судии од Кривичниот суд вчера реагираа на соопштението на Кривичниот суд од петокот минатата недела, во кое Панчевски информираше дека дал исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во врска со кривичната пријава што против него ја поднесе судијата Иван Џолев и дека веднаш потоа му поднел контра пријава на својот колега за лажно пријавување кривично дело.

thumbnail_i1-660x330

„Судијата Владимир Панчевски, како претседател на судот, информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, при тоа крајно не почитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој ја користи официјалната веб-страница на судот. Се оградуваме од наведеното, имајќи ја предвид судската етика и морал, а воедно и почитувањето на тајноста и на заштитата на интегритетот за каква било поведена постапка кон судија. Со оглед дека односите меѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде кој било од нас, кој во моментов не се согласува со сегашниот претседател. Во таа насока се обраќаме до вас, како надлежен орган, во согласност со вашите законски овластувања, да преземете соодветни мерки кон претседателот на судот“, се вели во писмото на судиите до Судскиот совет.

Реформите од последните десет години се загубија поради постојаното политичко мешање во работата на судството и именувањето во овој домен. Во Македонија не постои рамка која може да ги заштити судиите од надворешен притисок. Кривичните судови редовно ги одбиваат мерките за претпазливост што ги бара СЈО, а Советот на јавни обвинители и владеачката партија јавно ја критикуваат работата на СЈО. Има и директно мешање во именување на судии кои треба да ги судат истрагите што ги започнува СЈО. Постојат сомневања за директно мешање при назначувањето на судии кои работат на предметите на СЈО, се вели во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кој беше објавен минатата недела .

Владимир Панчевски. судии Кривичен суд Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.