Сириските бунтовници покренаа голема офанзива на делови во Алепо кои се под контрола на режимот на Башар ал-Асад, бидејќи војската претходно им ги пресече каналите преку кои се снабдуваа.
Поранешниот економски центар на Сирија, кој е тотално урнат по војната која започна по анти-владините протести во 2011 година а во која до денес загинаа 280.000 луѓе.
Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека 19 режимски војници загинале кога бунтовниците детонирале бомба во тунел во стариот дел на Алепо.
Политичкото решение и понатаму е неизвесно во Сирија, а неколкуте преговори под покровителство на ОН не дадоа резултати но напорите се интензивираат за решение. Додека траат дипломатските напори, во Алепо и понатаму се пука.




