Најмалку 74 лица загинаа, а многу повеќе се повредени во бурата од прашина што ги погоди северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.
Невремето вчера предизвика прекин на електричната енергија, корнеше дрвја, и уништи мног домови и предизвика угинување на добитокот.
Многу од загинатите спиеле кога нивните куќи кои се распаднале.
Бурите од прашина се многу чести во овој дел од Индија во текот на летото, но бројот на загинатите е невообичаено голем.
Бурите најтешко ги погодија трите области во Раџастан – Алвар, Баратпур и Долпур – каде што загинаа најмалку 29 лица. Властите велат дека Алвар е најтешко погоден. Училиштата во областа се затворени.
Премиерот на Раџастан, Васундара Раје изјави дека кон погодените области се упатени службите за спасување и хуманитарна помош.
Државната влада, исто така, објави дека семејствата на загинатите ќе добијат 400.000 рупии (околу 6.000 долари) како компензација за штетите.
Четириесет и пет лица загинаа во Утар Прадеш, 36 од нив во областа Агра, каде се наоѓа познатиот Таџ Махал. Официјалните лица веруваат дека бројот на жртвите ќе расте.
Невремето, исто така, го погоди главниот град Њу Делхи.




