Невремето Херварт однесе пет животи и предизвика сообраќаен хаос и поплави, откако помина низ Германија, Полска и Чешка, а ветрови со брзина од над 140 километри на час зад себе оставија сериозни штети и во Словачка.
Aktuální záběry z brněnské Líšně, kde #vítr “sroloval” střechu ZŠ Horníkova. pic.twitter.com/Wp0bx2iJnY
— Ondřej Puczok (@OPuczok) October 29, 2017
Една жена се удави во Балтичкото Море при превртувањето на моторен чамец. Претходно, маж и жена загинаа во Чешка, кога нивниот автомобил беше смачкан од дрво, а на ист начин животот го загубија и две лица во Полска.
Едно лице е сериозно повредено во Берлин, откако врз него паднале делови од градежна конструкција, а во Хамбург се излеа реката Елба, при што е поплавено и пристаништето.
https://www.youtube.com/watch?v=VDmGOswXh5c
Невремето предизвика големи штети во електричната мрежа и на патиштата, кои на многу места се блокирани од паднати дрвја.
Ова е второ големо невреме што ја погоди Германија овој месец, откако претходно седум луѓе загинаа во налетот на Ксавиер.