Во хотелот „Спледнит“во Буркина Фасо ослободени се 126 заложници кои беа држени од страна на исламските џихадисти. Во операцијата се убиени тројца напаѓачи, еден Арапин и двајца Африканци, потврди министерот за безбедност Сајмен Кампери, но не кажа дали има нови жртви меѓу цивилите.
„Вкупно 126 заложници, меѓу кои има 33 повредени. Тројца џихадисти се убиени“, изјави Кампери.
Два автомобили со бомби експлодираа во петокот навечер, пред хотелот “Сплендит“ околу 19 и 30 часот по локално време. А, потоа Тројца или четврица маскирани мажи влегле во хотелот и земале заложници.
Новинар на АФП бил на местото на настанот и видел 3 мажи кои пукаат.
Најмалку 20 луѓе загинаа, а 15 се ранети во нападот на исламистите во кафулето и хотелот во престолнината Буркина Фасо, соопштија извори од болницата.
“Немаме точен број на мртви, но има најмалку 20“, изјавил директорот на болницата во Угадугу Роберт Сангаре, јави АФП.
По пристигнувањето на безбедносните сили имало жестока пресметка. Наоружани мажи се забарикадирале во хотелот “Сплендит“ со 4 ѕвезди кој се наоѓа во центарот на градот, а пукање меѓу напаѓачите и безбедносните сили се слушало во близина на хотелот.




