Терминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција, изјави градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис по денешниот антимакедонски протест во градот.
-Луѓето се многу слабо информирани, си замислуваат разни работи и се плашат дека некој ќе ни ја украде историјата, а тоа не е вистина, изјави Бутарис за бугарската телевизија БТВ.
Солунскиот градоначалник изразил жалење дека и по 25 години расправии за името, земјите се на истата позиција.