Browsing: ВЕСТИ

Се чисти и дезинфицира шок собата во ГОБ„8 Септември“, откако пред две недели најтешко болните со Ковид се префрлени на првиот спрат. Полека се подготвува да профункционира оперативниот блок, да се отвори една оперативна сала за операции кои беа ставени на чекање, за пациенти кои не се позитивни на Ковид

Најголем број на приговори, дури 1.982, поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапи во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори, два достави и ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирање на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори

Нова ТВ интегрално го објавува дописот на Јана Белчева Андреевска, советник во Општина Центар, до кој дојде, а адресиран е до градоначалникот на Општината, до Советот на Општината и до општинската Комисија за урбанизам во кој бара повлекување на предложениот ДУП Мал Ринг и негово враќање на доработка и разгледување од септември

Овие избори пред се покажаа еден загрижувачки факт- дека сме далеку од почетните лекции на демократија – тоа се потврди…

Пишува: Беса Арифи Парламентарните избори 2020 беа можеби најтешки за прогнозирање. До последен момент не можеше да се предвиди точно…

Од Министерството за здравство потенцираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.612 тестирања со позитивни наоди кај 59 лица во Скопје, 23 во Свети Николе, 18 во Дебар, 17 во Штип, 12 во Куманово, девет во Гостивар, по шест во Тетово во Струга и во Кичево, по две во Кавадарци и во Пробиштип и по едно лице во Прилеп, во Битола, во Демир Хисар и во Ресен

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) – 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива – 12, „Левица“ – 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) – 1