Browsing: ВЕСТИ

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати, а во второто и учениците и наставниците, се соочија со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со Ковид-19. Со одлука на Владата во април, оваа година ќе нема државна матура, па матурантите ќе може да конкурираат на уписите на факултет со дипломата за завршено средно образование

Листата на безбедни земји која крена многу врева, не е резултат од истражување на „Форбс“, туку на цитирани податоци од истражување на организацијата Deep Knowledge group

Во изминатото деноноќие се направени вкупно 987 тестирања при што вирусот е детектиран кај 41 лице во Скопје, 16 во Штип, 12 во Куманово, 10 во Тетово, четири во Пробиштип, кај двајца во Охрид и по едно лице во Струга и во Гостивар

Фонтаната „Лотос“ е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982), која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Фонтаната уште пред нејзината реализација се очекувала со големо нетрпение и била најавувана во медиумите како најубава и најрепрезентативна во земјата, но денеска е во крајно независна состојба

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатото деноноќие се направени 702 тестирања при што вирусот е детектиран кај 67 граѓани во Скопје, 33 во Штип, 10 во Тетово, шест во Охрид, пет во Струга, по двајца во Пробиштип и во Кочани и по еден во Куманово и во Дебар

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава против академик Катица Ќулавкова за нејзиниот твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“ со која поттикнува нетрпеливост помеѓу етничките заедници