Нови 87 позитивни случаи, пет излекувани пациенти и еден починат е Ковид билансот во земјава за последните 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени вкупно 987 тестирања при што вирусот е детектиран кај 41 лице во Скопје, 16 во Штип, 12 во Куманово, 10 во Тетово, четири во Пробиштип, кај двајца во Охрид и по едно лице во Струга и во Гостивар.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира пет оздравени пациенти и тоа во Скопје – 1, во Прилеп – 2 и во Тетово – 2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, кој бил хоспитализиран пред 2 дена и потврден како Ковид позитивен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 1.424

Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 1373, активни 760
Куманово – 568, активни 150
Дебар – 53, активни 2
Штип – 223, активни 185
Прилеп – 218, активни 25
Тетово – 301, активни 135
Струга – 106, активни 33
Велес – 144, активни 30
Битола – 30, активни 3
Охрид – 37, активни 20
Кавадарци – 6, активни 1
Гостивар – 51, активни 29
Гевгелија – 6, активни 2
Струмица – 5, активни 2
Крива Паланка – 7, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 53, активни 22
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Берово – 2, активни 1
Валандово – 3, активни 2
Виница – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 3, активни 2
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку ИЈЗ – 381, преку ЦЈЗ Скопје – 30, преку „Авицена“ – 72, преку „Биотек“ – 163, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 101, преку „Систина“ со PCR метода – 137 и преку МАНУ – 103. Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 80 отпаѓаат на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се примени седум нови ковид пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На респираторна машина се девет лица, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат две лица. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

Чаир – 192
Бутел – 68
Центар – 66
Гази Баба – 63
Аеродром – 61
Карпош – 57
Сарај – 55
Кисела Вода – 37
Ѓорче Петров – 23
Арачиново – 23
Шуто Оризари – 21
Студеничани – 20
Илинден – 18
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
Странец – 2