Browsing: ВЕСТИ

Како причина се наведува недостатокот на заштитна опрема во време на пандемијата на ковид-19, но и мерката за задолжително одење на лекар на пациентите со лесни симптоми за отворање на боледување што, според нив, може да оди и по телефонски пат. За иницијативата „Голи сомнежи“ биле инспирирани од нивниот француски колега Ален Коломбје кој позираше гол во својата ординација и така го осуди недостатокот на заштитна опрема

Пред уставните судии треба да се најде и одлуката на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба. Мурати во интервјуто за МИА се осврнува и на оспорената владина уредба за намалување на платите на функционерите што предизвика реакции во јавноста

Според бугарскиот европратеник, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари

Моментно се активни 572 случаја, а вкупниот број на починати е 82. Од 16.997 тестирања беа потврдени 1.506 позитивни случаи на ковид-19, а во меѓувреме, во Дебар, во Радовиш, во Гевгелија, во Струмица, во Пробиштип и во Демир Хисар, повеќе нема активни носители на болеста

Њујоршкиот весник напиша многу текстови во 1920-те и 1930-те, во кои зборува за Македонци, македонско население за да направи дистинкција од бугарскиот народ. Тоа е спротивно на бугарските тези