Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андреј Ковачев: Не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев на Македонците

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 13:58

Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не се делеле“, изјави бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев.

„Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, толкувањето на модерната реалност е основа на апсолутно фалсификување на историјата“, изјави Ковачев за БГНЕС.

Тој смета дека „од исклучителна важност е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага која создава омраза и поделба“, но во исто време истакнува и дека „никој не сака на современото население во Македонија да му наметнува како ќе се нарекува“.

Според Ковачев, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари.

Тој потенцира дека доколку мешовитата комисија не продолжи со работа и доколку „продоложи фалсификувањето на историјата“, меѓувладината конференција за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде одложена сè додека не биде постигнат напредок.

„Како што рече премиер Бојко Борисов – „топката е во нивно поле“. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не го слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме“, додава Ковачев.

Андреј Ковачев Бугарија Гоце Делчев Историја Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.