Browsing: ВЕСТИ

Лажните наративи започнуваат да се шират на 25 март, а својот врв го достигнуваат на 27 март 2020 година, денот кога Република Северна Македонија стана 30-та полноправна членка на НАТО. Намерата е јасна – дефокусирање на јавноста од тој важен момент и создавање на чувство на страв и несигурност кај граѓаните. Тоа што треба да се запомни е дека нејонизирачките зраци не се штетни за здравјето на луѓето и животната средина, и оттука, 5G мрежата нема да предизвика штетни последици врз здравјето на луѓето.

Со дезинфицирани икони, но со една лажичка и од една чаша за вино за причесна, свештените лица ја продолжија традицијата и покрај вонредната состојба и опасноста од ширење на коронавирусот

Пет дена се чекало на тестот на заболениот 47 годишен пациент во битолската болница, за кој резултатот дека е позитивен, стигнал доцна синоќа. Пациентот за тоа време бил во соба на интерното одделение, што предизвика револт кај вработените. По добивање на резултатот тројца лекари, 8 медицински сестри и болничар се во самоизолација

Експерти предупредуваат дека користењето сертификати како механизам за враќање на оздравените луѓе на работа, е прерано. Мартин Шнел, професор по социјална филозофија и етика на здравствениот систем од Универзитетот Витен/Хердеке, вели дека предвремените повици за укинување на мерките се знак за „несигурни општества“

Првата одлука за воведување на вонредна состојба за територијата на целата држава во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март, во момент во кој имаше 41 заболено лице. Заклучно со вчерашниот ден, во земјава има вкупно 974 дијагностицирани случаи, излекувани се 98, а починаа 45 лица