Browsing: ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по министерскиот состанок за општи работи на ЕУ на кој повторно се одложи одлуката за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, порача дека колективниот кредибилитет на Унијата е во прашање.

Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини (63) е уапсен претпладнево во париското предградие Нантер под сомнение дека го продал својот глас на Катар при изборот за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Покрај него се приведени и советничка и секретар на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози

Во колумна за весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, шефот на македонската дипломатија Димитров пред германската јавност го изложува македонскиот случај и објаснува зошто земјата заслужува да започне преговори со ЕУ

Никозија бара заеднички став на ЕУ во врска со прашањето за истражување природен гас во источниот дел на Медитеранот од страна на Турција, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона

Македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервјуа за два германски весника ја потенцираат важноста на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година