Browsing: ВЕСТИ

„Јустиција“ е само еден од примерите за нарачани предмети и политички мотивирани, но и еден од примерите за начинот на постапувањето, неработењето, некадарноста, полтронството и политичкото подлизурковство на битангите од судството

Правејќи ги технолошките компании прва станица во борбата против дезинформациите и екстремистичкиот говор, политичарите си ставаат сериозна замка самите на себе

Унгарската редакција се сомнева дека станот е користен од безбедносните служби за одржување на средби кои не се за во јавност. Сепак некој направил огромна грешка што избрал стан за ваков тип на средби со оглед на тоа дека редакцијата на „444“ е сместена веднаш до станот.

Горан Мијоски, професор од Катедрата за патишта при Градежниот факултет во Скопје, вели дека инвестицијата би изнесувала од пола милион до милион евра. Со неа ќе се овозможи контрола на квалитет според врвните стандарди и создавање инженерски кадар кој ќе одговори на предизвиците на 21. век.Сегашните капацитети не можеле да одговорат на потребите за испитувањата на првиот меѓународен проект за примена на полимер модифициран битумен кај патишта со тешко сообраќајно оптоварување и автопатишта, па примероците се носеле на испитување во Софија и во Прага

Меѓу 11 кандидати за премиерското место, за сега фаворит е Борис Џонсон, пратеник од Конзервативната партија, кој беше градоначалник на Лондон и шеф на дипломатијата. Тој беше еден од главните заговорник на Брегзит.

Европскиот суд за човекови права во пресудата што ја објави денеска утврди серија неправилности и незаконитости кои му ги прекршиле човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција